ТВ серија – Измамници 2

24.02.2022.
ТВ серија - Измамници 2

Ексклузивно на mSAT TV

Во препородената Паланка, која штотуку заборави на приказната за лозата и милион динари, пристигнуваат црна вдовица, генијален почетник и крал на измамниците, секој со своја цел.

Нови и стари лица се испреплетуваат, судираат, создаваат сојузи, вовлекувајќи ги и најневините жители на Паланка во измами, со што се брише границата меѓу чесните граѓани и чесните измамници.

Станува јасно дека е невозможно да се избега од мрачното минато, како од поединечното, така и од она што се крие зад Потемкиновата фасада на Паланка, а облози се прифаќаат само за сопствениот живот.

Така наскоро, мистериозните новодојденци се вплеткуваат заедно со мештаните во непроверена приказна за бајковито огромно богатство, скриено некаде во Паланка, кое го бара и најголемата криминална организација во Кралството Југославија.

Убијците доаѓаат од мракот, измамата се сведува на шарм, искрена е само недовербата, а среде тоа – самоубиствен идеализам и сон за љубов голема како поезија.