Ексклузивно на mSAT TV
Жанр: фантастика, трилер
Во пролетта 2002 година, младиот новинар од весникот „Аргумент“, Бошко Стевановиќ, добива задача да напише статија за научното наследство на познатиот починат српски етнолог, Арсениј Мишковиќ.
Неговата сопруга, Јелисавета Мишковиќ изјавува дека ќе ја донира архивата на починатиот научник и дека тоа сака да го направи преку еден белградски весник. Бошко Стевановиќ добива задача да разговара со вдовицата Мишковиќ, оди кај неа и на заминување добива мал, црн бележник. Следејќи го бележникот што му го подари Јелисавета, Бошко влегува во маѓепсан круг.
Во книгата се опишани случаите кои етнологот Мишковиќ со децении ги собирал во Србија, а чија суштина е мистерија.
Мистериозните списи содржани во бележникот со години следат некои луѓе од странство – Виена, Лондон, Москва и мало гратче во Аризона. На крајот, бележникот поттикнува лавина чудни настани коишто ги загрозуваат животите на семејството и пријателите на белградскиот новинар.
Сценарио: Ѓорѓе Милосављевиќ, Радослав Павловиќ, Коста Пешевски
Режија: Мирослав Лекиќ
Улоги: Момчило Оташевиќ, Милoш Самолов, Милена Радуловиќ