ТВ серија – Чудни видови љубов

16.02.2022.
ТВ серија - Чудни видови љубов

Ексклузивно на M:SAT
Жанр: комедија, драма

Мини-серијата „Чудни видови љубов“ е романтична комедија која низ урнебесни ситуации ги испреплетува љубовните авантури на голем број ликови од различни генерации поврзани со роднински и емотивни врски. Сѐ се случува во празничната атмосфера на новогодишните празници, од Свети Никола до Божиќ, со многу смеа, недоразбирања, емотивни падови и љубовни подеми. Како изгледа кога празничниот ручек ќе тргне наопаку, дали разведените партнери можат да бидат пријатели, како е да сакаш многу помлад маж, а како за себе да ја лажеш девојката во којашто штотуку се заљуби, како изгледа сестринското ривалство, а како машко-женското пријателство, дали децата треба да се поддржуваат во сѐ и што навистина очекуваме од партнерот… Некој ќе се заљуби, но ќе дојде и до раскинувања, некои ќе сфатат колку е вредно тоа што веќе го имаат, а некои ќе останат непоправливи. За сето ова, но и за нешто повеќе се зборува во „Чудни видови љубов“. Со весела празнична атмосфера, лесен тон и позитивна енергија, со плејада познати актери, добрата забава е загарантирана. Во оваа мини-серија глуми голем ансамбл на најпознати актери: ….

Сценарио: Бобан Јевтиќ, Никола Којо

Режија : Никола Којо

Улоги: Никола Којо, Аница Добра, Весна Тривалиќ, Нина Нешковиќ, Милена Предиќ