Корисниците на МТЕЛ отсега ќе можат да уживаат во уште побогато ТВ и стриминг искуство, бидејќи HBO Max официјално е достапен како дел од одредени пакети на операторот. Со оваа соработка, најпопуларните серии, блокбастери и оригинални продукции од HBO и Warner Bros. стануваат подостапни за корисниците во Македонија.
На платформата HBO Max достапни се илјадници часови премиум содржина, вклучувајќи ги светски познатите серии како Euphoria, како и бројни филмови, документарци, анимирани содржини и ексклузивни Max Originals. Според HBO Max, платформата нуди повеќе од 15.000 наслови од брендови како HBO, Warner Bros., DC и Cartoon Network.
Со HBO Max, корисниците можат да гледаат содржини на повеќе уреди, кога и каде што сакаат – преку паметни телевизори, мобилни телефони, таблети и компјутери. Платформата овозможува персонализирани профили и гледање на повеќе уреди истовремено.
„Најдобрите приказни, најгледаните серии и врвната забава сега се дел од МТЕЛ понудата. Корисниците добиваат уште поголема вредност и пристап до содржина која ја следи целиот свет.“
За повеќе информации околу пакетите што вклучуваат HBO Max, корисниците можат да ја посетат официјалната страница на МТЕЛ Македонија https://mtel.mk/hbomax/ или да се информираат во најблиската продажна локација.