TВ серија – Хотел Балкан

17.02.2022.
TВ серија - Хотел Балкан

Ексклузивно на mSAT TV
Жанр: теленовела, драма

„Хотел Балкан“ е серија која ја прикажува животната приказна на угледното семејство Курузовиќ од Бања Лука кое со децении е сопственик на истоимениот хотел. Дејствието се одвива во минатото и сегашноста.

Серијата започнува утрото по свадбата на Драган и Викторија. Се расчистува хаосот. Драган е солиден директор на хотелот, но Бранко ги носи сите важни одлуки. Сепак, тие двајца работат прилично добро. Меѓутоа, уште на првото утро, природните цвеќиња во хотелот се менуваат со вештачки и започнува „селанизацијата“ на античкиот објект. Викторија и нејзиниот помал брат Марко се генератори на кризата, тие се од село, како деца многу страдале и сега сметаат дека не треба да чувствуваат милост кон никого. Прекрасната Викторија е многу мила со сите, а Марко е негативец. Викторија целосно го збудале Драган, но тоа не беше видливо до свадбата; се чинеше како таа позитивно да влијае на него. Кастел е нејзина идеја; Драган сега се однесува како дете, го промени имиџот, се истетовира, таа во него го „разбуди мажот“ и мисли дека само таа верува во него. Викторија е неговата Лејди Магбет.

Режисер: Саша Карановиќ

Сценарио: Небојша Ромчевиќ, Маја Новељиќ

Актери: Радоје Чупиќ, Горан Јокиќ, Саша Торлаковиќ