TВ серија – Пејачка

18.02.2022.
TВ серија - Пејачка

Ексклузивно на mSAT TV
Жанр: драма, криминалистика

Ивана, млада пеачка, со победата на голем музички натпревар добива сѐ за што некогаш сонувала: живот во голем град, слава, популарност, бројни настапи и патувања, но и љубовта на најпознатиот композитор и продуцент во земјата. Додека се обидува да го заборави претходниот живот и сето она од коешто дошла, почнуваат да ѝ се случуваат мистериозни работи кои ќе завршат на трагичен начин. Барајќи рационални одговори, приватниот детектив Бојан, кој покрај полицијата работи на расветлување на нејзиното убиство, се соочува со нешто ирационално што долго време нема да може да го разбере. Низ светот на естрадата, медиумите, но и магијата и јасновидците, серијата покажува колку некои луѓе се подготвени во еден момент да потпишат пакт со ѓаволот за да го добијат тоа што го сакаат, но не се свесни за цената.

 

Сценарио: Предраг Антонијевиќ, Наташа Дракулиќ

Режисер: Милош Кодемо

Улоги: Милица Павловиќ, Милош Тимотијевиќ, Игор Ѓорѓевиќ, Јелена Грујичиќ