TВ серија – Moчуриште

18.02.2022.
TВ серија - Moчуриште

Ексклузивно на mSAT TV
Жанр: трилер, драма

Во зовриениот град Белград, манијак убива три жени на крајно суров, ритуален начин. Она што им е заедничко на жртвите е нивниот слободоумен начин на живот и фактот дека се мајки на синови. Синови кои немаат татковци. Деца кои одбиваат да зборуваат. Напнатата полициска потрага по манијакалниот сериски убиец ќе трае 10 епизоди и ќе открие мрачни тајни од минатото, а хероите ќе ги вовлече во кругови на измама, лаги и трагични животни искушенија.

Серијата го следи инспекторот Никола (Горан Богдан), поранешен хулиган, кој мора да се соочи со своето мрачно минато и со сите негови тајни за да го открие манијакалниот убиец. Колку повеќе напредува во истрагата, толку е посигурен дека и него нешто суштински го поврзува со убиецот. Ова е приказна за гревот и копнежот, за љубовта и омразата, ова е приказна за пријателството засновано на криминал и тајни. Исто така, ова е приказна за луѓе кои истовремено се и спасители и мачители, жртви и џелати. На крајот на краиштата, ова е приказна за град кој полека тоне во мочуриштето на своето минато.

Сценарио: Милена Марковиќ

Режија: Олег Новковиќ

Улоги: Горан Богдан, Стефан Трифуновиќ, Јана Бјелица, Марта Бјелица, Борис Исаковиќ, Роберт Ожвар