ТВ серија – Рокенрол автор

22.02.2022.
ТВ серија - Рокенрол автор

Ексклузивно на mSAT TV
Жанр: Документарец (музички)

Приказна за еден човек, една земја и едно време. Петар Пеца Поповиќ е еден од најдобрите, најпознатите, најавторитетните и секако, најпопуларните познавачи на рокенролот во поранешната, голема Југославија и негов промотор во херојските времиња од седумдесеттите години на минатиот век. Со Поповиќ патуваме низ шест држави, низ „емотивната татковина“, поранешна СФРЈ, во потрага по „изгубеното време“ и драги луѓе, најважните претставници на оваа култура, обидувајќи се да одговориме на прашањето: Дали рокенролот го изгуби своето некогашно значење со распадот на Југославија?

Режија: Милан Никодијевиќ

Сценарио: Милан Никодијевиќ

Актери: Петар Поповиќ, Рамбо Амадеус, Момчило „Бајага“ Бајагиќ, Биљана Крстиќ, Горан Бреговиќ, Здравко Чолиќ