TВ серија – Калкански кругови

24.02.2022.
TВ серија - Калкански кругови

Ексклузвино на mSAT TV
Жанр: семејна драма, мистерија

Кога полицијата ќе ја приведе неговата ќерка Миона заедно со познат белградски дилер, Дејан Матиќ решава да престане да работи во своето архитектонско студио и заедно со ќерката да се пресели во Дол, родното село на татко му. И покрај отпорот на Миона, тој ја реализира својата идеја, со надеж дека во Дол ќе ја одвои својата ќерка од лошото друштво и лошите навики и ќе ја обнови нивната меѓусебна блискост, изгубена за време на растењето на Миона и градењето на кариерата на Дејан.

Во семејната куќа во Дол ги чека чичко Велибор, подготвен да им помогне да се навикнат на новата средина. Тој, исто така, ги запознава со конфликтот што го подели Дол – повратникот од странство, богатиот претприемач Макс кој сака во областа т.н. Забрана, шума што ја користат жителите на Дол, да подигне модерен хотелски комплекс. Тој ја има поддршката од Боривој, сопственик на локална продавница и кафеана, самопрогласен „градоначалник“ на Дол. Од друга страна, отпор му пружа чичкото на Дејан, Велибор, но и Вера Јаковљевиќ, учителка во Дол и симпатија на Дејан од младоста.

Сценарио: Ѓорѓе Милосављевиќ

Режисер: Милан Караџиќ

Улоги: Војин Ќетковиќ, Жарко Лаушевиќ, Ивана Зечевиќ