mSAT TV Aвантура #5 – Берово, Смоларски и Колешински Водопади

30.03.2022.
mSAT TV Aвантура #5 - Берово, Смоларски и Колешински Водопади

Уште еден викенд, уште една прекрасна локација за нашата mSAT TV авантура! Овој пат Aна и Мане од Adventure беа во Берово. Таму ги пречека прекрасно време, смрзнато Беровско езеро, и  зајдисонце од милион долари, кошто го тие пак го пречекаа со прекрасен логорски оган. Секако, уживаа во прекрасна содржина на mSAT TV – најдобрите хитови на Toxic TV, како и легендарниот Тројно Икс со Вин Дизел на Суперстар.

По прекрасната вечер, со најсјаните ѕвезди што може да ги видите во галеријата подолу, тие се упатија кон Струмица, кадешто ги посетија Колешинските и Смоларските водопади. Нивниот МТЕЛ џип стигна до сите терени, кадешто направија прекрасни слики од локациите. Овие два водопади се наоѓаат во непосредна близина еден до друг и ја красат нашата позната планина Беласица.

Петтата авантура заврши, а вие може да нѐ следите на Instagram за повеќе информации од следните локации на нашата mSAT TV авантура.  Во меѓувреме погледнете ги овие прекрасни фотографии.