Оваа недела Ана и Мане од Adventure.mk, го посетија Истокот на Македонија. На падините на Осоговските планини, и овој викенд нашите авантуристи ги пречека снег! Малку заглавување на пат, малку во снегот, но сепак ништо не ги спречи да уживаат на Пониква, колку и да беше тежок патот да таму. A таму, снег, сонце, и прекрасни пејсажи!
Покрај сонцето, уживаа и во одличната програма на mSAT TV! Овој викенд гледаа репризи и последната епизода oд втората сезoна на Мочуриште, со со популарниот глумец хрватски Горан Богдан.
Поради условите кои ги затекнаа на Пониква, тие мораа да постават камп подолу во планината. Затоа, го запалија нивното mSAT TV возило и се спуштија на езерото во Градче, кадешто се разбудија со eдна од најпрекрасните глетки во Македонија!
Следете нѐ за повеќе авантура на нашиот Instagram профил.