TВ серија – Некои подобри луѓе

24.02.2022.
TВ серија - Некои подобри луѓе

Ексклузивно на mSAT TV
Жанр: комедија, драм

„Некои подобри луѓе“ е семејна серија чии главни ликови се членовите на семејствата Урошевиќ и Граовац. Драмското дејство е иницирано од настани кои ги доведуваат протагонистите во ситуации преку кои ќе се изразат нивните лични интереси и амбиции, проткаени со силни меѓусебни емоции.

Три генерации под еден покрив, во соседни станови, Граовац и Урошевиќ претставуваат идеален терен за конфликти меѓу генерациите и системите на вредности, но и за убав хумор. Ѓуро и неговата сопруга Јованка припаѓаат на повоената, бејби бум генерација која се образувала, работела и ги воспитувала децата во социјалистички дух.

Драган и Марија се претставници на генерацијата X која ги поминала најдобрите години од својот живот во деведесеттите години на минатиот век. И додека Марија успеала да се позиционира високо во деловната хиерархија, Драган ја прифатил улогата на домаќинка во куќата.

Сценарио: Иван Велисављевиќ, Катарина Митровиќ, Владимир Ѓурѓевиќ

Режија: Милан Коњевиќ, Никола Кончаревиќ, Ненад Огњеновиќ, Слободан Шуљагиќ

Улоги: Mилован Филиповиќ, Милена Васиќ, Небојша Љубишиќ, Гордана Ѓурѓевиќ, Никола Станковиќ, Јована Миловановиќ, Урош Дробац