TВ серија – Тајкун

09.02.2022.
TВ серија - Тајкун

Ексклузивно на Superstar на mSAT TV
Жанр: трилер, драма

Владан Симоновиќ е тајкун, омразен во Србија поради богатството што го стекнал за време на распадот на Југославија, во деведесеттите години на минатиот век. Иако порано можеше да ја води својата компанија од сенка, а донекаде и економијата на целата земја, политичарите кои се на власт сега, по потреба, го ставаат на еден вид столб на срамот, користејќи го за зајакнување на својот политички авторитет. Истовремено, истите политичари соработуваат со конкуренцијата на Симоновиќ и планираат себе и луѓето од своето најблиско опкружување да ги претворат во нова класа на тајкуни со навидум чисто минато кои ќе им бидат безусловно лојални ним. Затоа, обидот за атентат врз Симоновиќ нема да го направи жртва во очите на политичарите и медиумите под нивна контрола. Напротив, тој напад ќе го направи уште поизолиран и поранлив, па истрагата за атентатот ќе мора да ја води сам. Тој е прогонет човек, принуден да презема драстични мерки за да се заштити себеси и својата компанија. Покрај јавните и тајните непријатели, тој е во конфликт и со синот, но и со останатите членови на семејството кои заедно, всушност, го чуваат неговото богатство.

Сценарио: Ѓорѓе Милосављевиќ

Режија: Мирослав Терзиќ

Улоги: Драган Бјелогрлиќ, Тихана Лазовиќ, Вук Јовановиќ, Бранислав Трифуновиќ