Шестата сезона на „Убијците на мојот татко“ ексклузивно на mPLAY TV од 15 јануари

13.01.2023.
Шестата сезона на „Убијците на мојот татко“ ексклузивно на mPLAY TV од 15 јануари

Еден месец пред сите останати, корисниците на MTEL ќе имаат ексклузивна можност да ја гледаат регионалната премиера на новата, шеста сезона на хит-серијата „Убијците на мојот татко“ преку апликацијата mPLAY TV. Сите 12 епизоди од оваа серија во продукција на Телеком Србија, ќе бидат достапни во видеотеката на mPLAY TV oд 15 јануари.

Главна тема на шестата сезона на „Убијците на мојот татко“ е коцката. Таа веќе одамна не е само забава за ликовите во серијата, туку центар на светот. Низ повеќе настани кои кулминираат со едно злосторство, новата сезона ќе ни покаже колку е лесно да се премине од „почетничката среќа“ и оправдувањата дека „можеби не ти е денот“ до моментот кога се губи сè – не само материјалното, туку и пријателите, семејството, а на крај и самиот живот. Инспекторите ќе ги истражуваат лагите на манипулаторите, откривајќи го суровиот свет на лихварите кој е неминовно поврзан со животот на патолошките коцкари. Низ болната, но поучна приказна, ќе видиме како се уништуваат животите и колку тешко се излегува од тој волшебен круг во кој тешко се заработува, иако коцкарите до самиот крај веруваат дека заработката е можна и лесно достижна. Паралелно, Предраг Марјановиќ ќе стане министер за внатрешни работи и многу долгови од претходниот живот стигнуваат за наплата.

Главните улоги ги толкуваат: Вук Костиќ, Марко Јанкетиќ, Тихомир Станиќ, Миодраг Радоњиќ, Марко Васиљевиќ, Мирјана Карановиќ, Нина Јанковиќ Дичиќ, Славко Штимац, Славиша Чуровиќ, Слобода Миќаловиќ, Иван Заблаќански, Ивана Дудиќ и други. Исто така, во серијата ќе се појават и: Славен Дошло, Милан Колак, Никола Ристановски, Александар Димитријевиќ, Тарик Филиповиќ, Соња Дамјановиќ, Милош Влалукин, Сања Јовиќевиќ Поповиќ, Иван Јефтовиќ…

Сценариото за серијата го напиша Наташа Дракулиќ, која се јавува и како нејзин креатор заедно со Предраг Гага Антонијевиќ. Како режисер се потпишува Милош Кодемо.