ТВ серија – Убиците на мојот татко

03.02.2022.
ТВ серија - Убиците на мојот татко

Ексклузивно на Superstar на mSAT TV
Жанр: драма, криминалистика, трилер

Петтата сезона на серијата „Убиецот на мојот татко“ ќе донесе разрешување на убиството на таткото на главниот лик Александар Јаковљевиќ, Миле. За првпат во серијата ќе имаме минато кое претходело на сѐ и кое апсолутно влијаело врз карактерот на Александар. Некои работи и настани во тоа минато ќе бидат неочекувани и тешки. Главната линија на сегашното време и истрагата на инспекторот е поврзана со темата на врсничко насилство.

Сведоци сме на бројни стратегии што се случуваат на оваа тема, како и на ненавремени реакции на институциите и околината. За жал, овој дел од серијата е инспириран од вистински настани и во него ќе се согледа целата тежина на сѐ, денешните деца во ерата на модерните технологии кога снимките на малтретирање и понижување на пријателите се споделуваат или користат како еден вид уцена. Малтретираните деца молчат, се затвораат во себе, а самоубиството им се чини како единствен излез.

Сценарио: Наташа Дракулиќ, Предраг Антонијевиќ

Режија: Предраг Антонијевиќ, Иван Живковиќ, Мирослав Лекиќ, Маша Нешковиќ, Коста Ѓорѓевиќ, Милош Кодемо

Улоги: Вук Костиќ, Тихомир Станиќ, Марко Јанкетиќ, Катарина Радивојевиќ, Нина Јанковиќ Дичиќ, Елизабета Ѓоревска, Славко Штимац, Миодраг Радоњиќ, Славиша Чуровиќ, Марко Васиљевиќ